Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Влазерими го доби кичевското дерби со Напредок, постигнати седум гола

Сподели
Сподели



Лидерот Влазерими го доби кичевското дерби со Напредок откако славеше со 3:4 во воведниот меч од 12. коло на Трета лига регион 5. Тимот на Влазерими е есенски шампион во овој регион со неверојатна есенска полусезона зад себе, без ниту еден пораз.

Влазерими одлично го отвори мечот откако реализираше три погодоци за дваесет минути игра. Уште во 2. минута Влазерими дојде до предност со голот на Албулен Имери, а во 16. минута Имери постигна уште еден гол за 0:2.

Само четири минути подоцна Леонтин Бајрами постигна гол за 0:3. Во 36. минута од мечот одигран на Градскиот стадион во Кичево екипата на Напредок намали на 1:3 со голот на Младен Котевски кој реализираше од белата точка.

Во самиот финиш на првиот дел Дрилон Зендели погоди за 1:4 по првите 45 минути.

  • ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: НАПРЕДОК – ВЛАЗЕРИМИ

Во вториот дел Вецко Вренцоски намали на 2:4 во 71. минута, а десет минути подоцна Јован Никодиноски успеа да намали и на 3:4. Но Напредок немаше сили за израмнување, а во 88. минута остана со играч помалку на теренот откако Никола Калевски заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.



Екипата на Влазерими по 11 одиграни мечеви има девет победи и две реми средби за 29 бодови и е единствениот непоразен тим во Трета лига регион 5.

Денешни средби од 12. коло поради обилните врнежи од дожд и лошите услови на фудбалските терени се одложени.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Ведрана Тунески освои бронза на Европското кадетско првенство во таеквондо

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески оствари одличен успех на Европското кадетско првенство во Романија, освојувајќи бронзен медал и потврдувајќи го својот потенцијал на...

Ракомет

„Млаз“ вечерва ќе „крца“ до последното седиште: Младост ќе има силна поддршка за мечот со Бутел

Вечерва одново салата „Млаз“ во Богданци ќе се наполни за силна поддршка на Младост, кој во рамките на 12. коло на Суперлигата го...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа го декласираше Вардар Неготино со ДЕСЕТ гола, убедлив триумф за Бучин и за Победа од Пепелиште

Вистински дебакл за Вардар Неготино откако беше поразен во Прилеп од Победа...

Трета лигаФудбал

Поради обилни врнежи од снег одложени сите денешни мечеви во Трета лига регион 5

Поради обилни врнежи од снег, сите денешни мечеви од 12. коло на...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс не се појави на мечот со лидерот Каршиака – комбето на штипјани останало во дефект

Натпреварот од 7. коло на Втората футсал лига меѓу лидерот Каршиака и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!