Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски, откако добија ново делегирање од Европската ракометна федерација.
По неодамнешниот ангажман на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Порто и Веспрем, македонската двојка повторно ќе биде на европската сцена, овојпат во квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Митревски и Тодоровски се назначени за арбитри на дуелот од првото коло во групата 7, во кој силите ќе ги одмерат репрезентациите на Италија и Словачка.
Натпреварот ќе се одигра на 5 ноември во италијанскиот град Бари, во салата „Сан Џакомо“, со почеток од 19:30 часот. Делегат на средбата ќе биде Словенецот Калин.
За македонските арбитри ова е уште едно значајно признание и продолжение на нивниот ангажман на меѓународните ракометни натпреварувања.