РакометРакометна репрезентација

Двајца бисери на ГРК Охрид со репрезентативен повик – Спироски и Трајчески се иднината на клубот!

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува да потврдува дека во своите младински категории располага со квалитетни ракометни таленти. Јован Спироски и Илија Трајчески добија повик за младинската машка ракометна репрезентација на Македонија, што претставува ново признание за нивниот досегашен развој и вложениот труд.

Двајцата млади ракометари се ученици во втора година во охридската гимназија, од каде со гордост ја споделија веста за нивниот репрезентативен ангажман. Нивниот успех е уште една потврда за квалитетната работа со младите во охридскиот клуб, но и мотив за продолжување на спортскиот пат кон нови достигнувања.

ФОТО: ГРК Охрид

Спироски и Трајчески веќе имаат значајни резултати зад себе во пионерската конкуренција. ГРК Охрид ја заврши сезоната како вицешампион на Македонија во машката пионерска лига, а Јован Спироски се истакна и на завршниот Ф4 турнир, каде беше прогласен за најдобар среден бек. Неговото индивидуално признание е потврда за квалитетот што го прикажува во дресот на охриѓани.

ФОТО: ГРК Охрид

Посебно внимание привлекува и 16-годишниот Илија Трајчески, кој зад себе има исклучително успешна сезона. Тој беше МВП и еден од предводниците на пионерскиот тим на ГРК Охрид, кој ја освои шампионската титула. Покрај настапите во пионерската конкуренција, Трајчески веќе игра и во младинските категории, како и со постари ракометари, добивајќи можност да стекнува искуство и против поискусни противници.

ФОТО: ГРК Охрид

Клубот сериозно смета на неговиот потенцијал, па младиот ракометар стави потпис на договор со ГРК Охрид со важност од најмалку три години. Од минатата сезона тој му стои на располагање и на тренерот Борис Ројевиќ, што претставува уште еден значаен чекор во неговиот ракометен развој. Веќе стекна искуство и имаше минутажа на натпревари од ЕХФ Европскиот Куп, а воедно, беше дел и од шампионскиот тим кој го освои ЕХФ Купот.

Репрезентативниот повик за двајцата охриѓани е нова можност да го покажат својот квалитет на национално ниво и да продолжат да напредуваат низ младинските селекции. Воедно, нивните успеси се причина за гордост и во нивната гимназија, која им упати честитки за постигнатото, со посебно признание за поддршката од професорите по спорт.

Со индивидуални признанија, освоени трофеи и репрезентативен повик, Јован Спироски и Илија Трајчески го најавуваат својот потенцијал и претставуваат уште една убава приказна од ракометниот Охрид.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

Ракомет

Гогов пред дербито со Пелистер: „Се надевам дека заедно со навивачите ќе се радуваме на нова победа“

Вардар и Еурофарм Пелистер во недела ќе ги одмерат силите во дербито...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!