РакометРакометна репрезентација

Без македонски судии на СП 2027, ИХФ ги објави делителите на правдата!

Сподели
FOTO: IHF
Сподели

Светското првенство во ракомет во 2027 година ќе мине без македонски судиски претставници, откако Меѓународната ракометна федерација го објави конечниот список на арбитри кои ќе бидат дел од мундијалскиот собир во Германија.

За шампионатот, кој ќе се одржи од 13 до 31 јануари, доверба добија 26 судиски двојки од 22 национални федерации. Во изборот се застапени арбитри од Европа, Африка, Азија, како и од Јужна и Средна Америка.

На листата се најдоа судии од традиционално силните ракометни земји, меѓу кои Германија, Франција, Шпанија, Данска, Норвешка и Шведска, но Македонија нема свој претставник.

Ова е промена во однос на претходните големи натпреварувања, на кои нашата земја имаше препознатливо судиско присуство преку Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Македонската двојка зад себе има настапи на повеќе Мундијали, а посебно признание доби со делегирањето на финалето на Светското првенство во 2023 година.

Покрај нив, ИХФ располага и со уште две македонски судиски двојки – Даниело Божиновски и Виктор Начевски, како и Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Надвор од европскиот континент, на списокот се застапени и судии од Алжир, Египет, Кувајт, Узбекистан, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Така, претстојниот Мундијал ќе биде голем собир на меѓународната судиска елита, но без македонско знаме меѓу избраните 26 двојки.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот европски предизвик, откако остварија значајна победа во дербито против Еурофарм Пелистер....

Ракомет

Блажески за Спортска Мрежа: Фаворити сме, но мораме да дадеме 100% на двата натпревари!

ГРК Охрид го очекува нов европски предизвик во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде што за противник го има литванскиот Драгунас Клаипеда....

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот...

Ракомет

Блажески за Спортска Мрежа: Фаворити сме, но мораме да дадеме 100% на двата натпревари!

ГРК Охрид го очекува нов европски предизвик во третото коло од ЕХФ...

Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Мулти Есенс – Фадуил со 11 гола го предводеше шампионот до нова победа

Ракометарите на Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Мулти...

Ракомет

По Еурофарм Пелистер, европски испит: Алкалоид има три дена до Горење

Победата над Еурофарм Пелистер со 30:28 му даде силна увертира на Алкалоид...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!