ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Сподели
ФОТО: Futsal Team Seeu University
Сподели

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со три бода, откако беше подобар на воведниот меч од 4. коло на Првата футсал лига против повратникот во елитата со 2:5 и тоа преку пресврт.

Домаќинот прв дојде до водство преку Димче Андов во 13. минута, а во вториот дел Кеги Моби направи голем пресврт со четири погодоци за 1:4. Кирил Ивановски погоди во 25. минута за 1:1, а во три минути беа постигнати три гола, погодија Марио Панев, Иван Наунов и Иса Дурмишов.

Во 37. минута Ивица Костадиноски намали на 2:4, а во самиот финиш Петар Левков постигна гол за конечни 2:5.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб. Искусниот српски стратег Дејан Мијатовиќ е назначен...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Поврзани написи
Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!