Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа со „петарда“ за Ултрас пред полн стадион, Никола Толевски го расплака Борец со гол во 91. минута, Росоман до три бода

Сподели
ФОТО: ГФК Победа
Сподели

Прилепска Победа забележа уште еден висок триумф откако во рамките на 8. коло на Трета лига регион 2 пред домашната публика го декласираше Ултрас со резултат од 5:1.

Марио Наумоски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Даниел Карчески, Александар Ристовски и Иса Цанески. За гостинот единствениот гол го постигна Славчо Стојчевски.

Стадионот „Гоце Делчев“ беше одново исполнет со публика која даваше силна поддршка за својот миленик.

Росоман на домашен терен дојде до триумф од 3:1 над Млекар. По првите 45 минути резултатот беше 1:0 со гол на Марко Миловановиќ, а во вториот дел се случи израмнување во 56. минута преку голот на Горан Илиоски.

По четиринаесет минути игра Слободан Дуков погоди за ново водство на домашните, а пак Стефан Костовски во 82. минута ги постави конечните 3:1.

 

Никола Толевски го расплака Борец со два гола во финишот со што велешани мораа да се задоволат само со бод. Првиот дел донесе чисти мрежи, на стартот од вториот дел Марио Наумовски погоди за 0:1, а во 79. минута Џемал Ибрахимовиќ донесе двојна предност за Борец.



Само за три минути се случи намалување на предност со голот на Никола Толевски, а во 91. минута истиот играч постигна уште еден гол и го остави Борец без победа пред самиот судиски свиреж.

Колото се затвара утре со останатите мечеви.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч од 8. коло на Трета лига регион 1 со убедливи 0:5...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа со „петарда“ за Ултрас пред полн стадион, Никола Толевски го расплака Борец со гол во 91. минута, Росоман до три бода

Прилепска Победа забележа уште еден висок триумф откако во рамките на 8. коло на Трета лига регион 2 пред домашната публика го декласираше...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!