Втора лигаФудбал

Брера го декласираше Новаци со четири гола, Сашо Дуков донесе три бода за Кожуф, лидерот Охрид убедливо го доби Шкупи

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Брера Струмица забележа убедлива победа над Новаци со што тимот на Ѓорѓе Стојчев експресно се врати на победничките патеки по поразот во претходното коло во Кочани, откако неговите избраници денес со 4:1 го добија Новаци во рамките на 10. коло на Втората лига.

По чистите мрежи во првиот дел (0:0) во второто полувреме беа постигнати дури пет погодоци.

Резултатот го отвори Бојан Велков во 54. минута од средбата, а гостинот успеа да израмни во 72. минута со голот на …

Само три минути беа потребни за Брера Струмица да го врати водството кога најдобриот стрелец на тимот Владимир Жоглев погоди за 2:1. Во 83. минута победата ја најави Давид Ристовски кога резултатот беше 3:1, а потоа во целост се „распадна“ Новаци и го прими четвртиот гол за конечни 4:1, а истиот беше дело на Јован Постолов.

Сашо Дуков е херојот на Кожуф кој со два гола обезбеди триумф за Кожуф, откако тимот од Гевгелија со 1:3 преку пресврт славеше над Еуромилк во Горно Лисиче.

Хусеин Демири уште во првата минута донесе предност за домаќинот, а во финишот на првиот дел Дуков во 42. минута погоди за 1:1, а Дарко Грозданоски во 44. минута стрелаше за 1:2 и комплетен пресврт.

Во вториот дел домаќинот се обидуваше да пронајде начин за гол кој би значел израмнување, а Дуков во 94. минута ја потврди победата од 1:3 со негов втор гол.

Лидерот Охрид сосема очекувано ги освои трите бодови против последнопласираниот Шкупи откако „рибарите“ беа подобри со 0:3. На полувреме охридскиот состав имаше два гола предност преку Давид Матески и Антонио Каланоски, а пак во вториот дел Дамјан Масевски во 85. минута ги постави конечниот резултат.

Утре ќе биде комплетирано 10. коло со четири средби. Камјани ќе го пречека Тетекс, на „Борис Трајковски“ во Маџари се игра дербито меѓу Работнички и Беласица, Пелистер ќе биде домаќин на Детонит Плачковица, а пак Македонија ЃП ќе биде домаќин на Осогово.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори 8. коло на Трета лига регион 2. Херој на единствениот погодок...

Втора лигаФудбал

Брера го декласираше Новаци со четири гола, Сашо Дуков донесе три бода за Кожуф, лидерот Охрид убедливо го доби Шкупи

Брера Струмица забележа убедлива победа над Новаци со што тимот на Ѓорѓе Стојчев експресно се врати на победничките патеки по поразот во претходното...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!