Ракомет

Браќата Илиевски со европско делегирање, ќе судат на дуелот Холандија – Финска

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонското судење ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена во претстојниот циклус квалификации за Европското првенство во 2028 година.

Европската ракометна федерација ја одреди судиската двојка за натпреварот меѓу Холандија и Финска, кој ќе се одигра во рамките на првото коло од квалификациската група 1. Довербата ја добија Методија и Михајло Илиевски, кои ќе ја имаат задачата да ја делат правдата на овој репрезентативен дуел.

Средбата е предвидена за 5 ноември, со почеток во 19:30 часот, а домаќин ќе биде „Спортцентрум Маспорт“ во холандскиот град Хертогенбош.

Со ова делегирање, Илиевски се приклучуваат на македонските судиски претставници кои добија обврски во квалификациите, по Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои исто така се делегирани за натпревари од претстојниот циклус.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски, откако добија ново делегирање од Европската ракометна федерација. По неодамнешниот ангажман...

Ракомет

Браќата Илиевски со европско делегирање, ќе судат на дуелот Холандија – Финска

Македонското судење ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена во претстојниот циклус квалификации за Европското првенство во 2028 година. Европската ракометна федерација...

Поврзани написи
Ракомет

Митревски и Тодоровски со нова меѓународна задача, ќе судат на дуелот Италија – Словачка

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со меѓународните обврски,...

РакометРакометна репрезентација

Без македонски судии на СП 2027, ИХФ ги објави делителите на правдата!

Светското првенство во ракомет во 2027 година ќе мине без македонски судиски...

РакометРакометна репрезентација

Двајца бисери на ГРК Охрид со репрезентативен повик – Спироски и Трајчески се иднината на клубот!

ГРК Охрид продолжува да потврдува дека во своите младински категории располага со...

РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!