Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани трофејот освоен минатата година. Пред околу 2.000 гледачи во „Билјанини Извори“, „гладијаторите“ одиграа уште еден успешен и возбудлив натпревар и го заокружија турнирот без пораз.

ФОТО: ГРК Охрид

Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, им честиташе на своите ракометари за пристапот и енергијата во финалето, а посебна благодарност упати до публиката за огромната поддршка. Сепак, тој предупреди дека Вардар ќе биде далеку посилен кога ќе настапи во комплетен состав во Суперкупот, додека Охрид во наредниот период го очекува густ распоред и долги патувања.

„Им честитам на моите момци за добрата енергија, за залагањето, за сè. Благодарам и на оваа публика денес, 2000 луѓе на пријателски натпревар- навистина фантастично. Прерано го отпишавме Вардар, кој има страшен тим кога ќе се комплетира за Суперкупот, но ќе видиме за десетина дена.. две недели. Она што ме загрижува е недостатокот од тренинзи, а сега имаме и далечни патувања- за Будва, за Панчево, а потоа и за Гевгелија, но да се собереме малку, да се обидеме можеби повеќе да се ресетираме и одмориме отколку што можеме нешто да работиме, па да одиме во нови победи.“- изјави стратегот на Охрид за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид сега го очекува период исполнет со патувања и натпревари, а следниот голем предизвик ќе биде Суперкупот против Вардар во Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!