Трета лигаФудбал

Каменица Саса со убедлива победа над Дојранско Езеро на пријателски меч

Сподели
Сподели

Ланскиот второлигаш забележа висока победа на пријателскиот натпревар против Дојранско Езеро со резултат од 1:4. Во контролката која се играше покрај најмалото природно езеро во Македонија, тимот од малото рударско гратче на полувреме имаше предност од 1:2.

Христијан Крстов двапати ја погоди мрежата на противникот, искуснито Драган Паунов и Филип Спенџарски постигнаа по еден гол за конечни 1:4 во Дојран.

Каменица Саса минатата сезона испадна од Втората лига и сега цели кон експресно враќање во Втора лига, а во Трета лига регион 3 ќе биде главен фаворит со Овче Поле за челната позиција која води кон баражот за влез во Втора лига.

Претходно, Спортска Мрежа ексклузивно ги објави новите засилување на тимот од Македонска Каменица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!