Прва женска фудбалска лигаФудбал

Талевска обезбеди бод за Пелистер во мечот со Скопје, Димитровска со два гола за победа на Саса, Вардар ја „здроби“ Речица

Сподели
Сподели

Пелистер „откина“ бодови во дуелот во Пржино со шампионот Скопје, откако двете екипи одиграа 1:1 во меч од 8. коло на Првата женска фудбалска лига.

Искусната Мила Талевска во 17. минута го отвори резултатот за водство од 0:1. Пелистер умешно ја чуваше чиста мрежата и одолеваше на секој напад на противникот, но во 77. минута Рабија Дервиши погоди за конечни 1:1.

Со овој пораз Скопје го препушти врвот на Љуботен, кој на домашен терен со 3:1 го доби Ас Јунајтед преку пресврт. Во Тетово беше повеќе од возбудливо, откако Јована Павловска во 74. минута го отвори резултатот за водство на стружанки од 0:1. Но, радоста не траеше долго, во 82. минута Улза Максути погоди против поранешниот клуб за 1:1, а во 88. минута Максути со втор гол обезбеди пресврт за водство на Љуботен од 2:1.



Победата ја потврди Калина Попески која во 91. минута беше прецизна за конечни 3:1.

Каменица Саса без проблеми како на тренинг меч го доби Кочани во гости со високи 0:4. Јована Петрушовска во 9. минута ја стресе мрежата на „фенерџијата“, а во 20. минута Ана Димитровска погоди за 0:2, а по пет минути Селин Туркоглу погоди за 0:3 на полувреме.

Во вториот дел капитенот Ана Димитровска со втор гол ги потврди конечните 0:4.

Вардар дојде до втората сезонска радост откако на убедлив начин ја доби Речица со 0:6. Кристина Крстева и Настасја Накова беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Меланија Грозданова и Јулија Живиќ.



Сега Љуботен е на врвот од табелата со 20 бодови, шампионот Скопје е на второто место со 19 бодови, а пак Пелистер е трет со 17 бодови. На делба на четвртото место се Тиверија Брера и Каменица Саса со по 16 бодови.

Веднаш огромен бодовен пресек на табелата. Ас Јунајтед е шести со осум бодови, Вардар е седми со седум бодови, Истатов сега е осми со шест бодови.

Во бараж зоната е Речица која на своето конто има четири бодови, а пак Кочани е на дното со еден бод.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!