Ракомет

Ќосевски по новиот трофеј на Охрид: „Мислам дека заслужено го освоивме овој турнир!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид ја продолжи традицијата и по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 (12-10). „Гладијаторите“ во неизвесен натпревар успеаја да го задржат водството и да го одбранат трофејот освоен минатата година. Меѓу стрелците се запиша и Ален Ќосевски со четири погодоци.

По освоениот трофеј, ракометарот на Охрид, Ќосевски, во изјава за „Спортска Мрежа“ го истакна квалитетот на финалето, фер играта на двете екипи и заслужената победа на Охрид.

„Во ова финале имаше доста добра игра од двете страни, како во одбрана, така и во напад. Двете екипи максимално се залагаа. Сакам да ѝ честитам на екипата на Вардар за фер и коректната игра. Ние, според мене, мислам дека го дадовме нашиот максимум и заслужено го освоивме овој турнир. На секој меч го дававме нашиот максимум и се надевам дека истото ќе го продолжиме и во првенството што ни следува.“- изјави Ќосевски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид, сега се насочува кон нова пресметка со Вардар, бидејќи двете екипи ќе играат и за трофејот во Суперкупот, закажан за 19:00 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен во Тирана, продолжувајќи со одличните настапи на меѓународната сцена. Рељиќ турнирот...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!