Трета лигаФудбал

Љуботен претрпе пораз, Дрита и Лирија ремизираа, немаше победник ниту на мечот меѓу Јехона и Цетинска

Сподели
ФОТО: KF Liria - Zhelinë
Сподели

Четвртото коло донесе многу погодоци во Трета лига регион 6, само на еден натпревар беше доволен еден гол да го реши победникот. Кораб со минимални 1:0 славеше над Гостивар со голот на Трим Амбари со што трите бода останаа во Дебар.

Џепчишти имаше убедлива победа пред домашната публика со 5:0 откако славеше над Вардар од Брвеница. Беким Садики и Ментор Саљиу беа двојни стрелци, а еден гол постигна Енес Османи.

Дрита и Лирија ги поделија бодовите во меч со четири гола (2:2). Брендим Рушити беше двоен стрелец за домашните, а за гостите погодија Лирим Несими и Фехим Ислами.

Во меч со шест гола за конечни 3:3 делба на бодовите направија Јехона и Цетинска. Искусниот Изаир Емини беше двоен стрелец за домашните, а еден гол постигна Алмир Алији, за гостинот Лорик Љика стрелаше двапати, а еднаш Ветон Чауши.



Речица на домашен терен стигна до победа од 3:2 над Скендербег и тоа преку пресврт. Ќендрим Аљиљи во 3. минута донесе гол за 0:1, а до крајот на првото полувреме домашните преку Блертон Шабани, Мубарек Шасивари и Емран Матошо стигна до 3:1. Во вториот дел Амир Зендели погоди во 59. минута за ублажување на поразот на конечни 3:2.

Доброшти на домашен терен го доби Љуботен со сигурни 3:1 на крилата на Агон Хашими, кој ги постигна сите три гола. За гостинот единствен стрелец беше Бојан Костадиновски во 92. минута.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

Трета лигаФудбал

Лирија го доби Љуботен, Доброште со убедлива победа до три бода

Лирија на домашен терен во Желино славеше над Љуботен со 3:0 во...

КупФудбал

Познати термините за осминафиналето во Купот на Македонија

Познато е кога ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!