Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели



Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби од силната селекција на Турција.

Турчинките уште од самиот почеток ја презедоа контролата над натпреварот и не ѝ дозволија на Македонија да фати резултатски ритам. Првиот сет беше целосно во знакот на фаворитот, кој го доби со убедливи 25-4.

Во продолжението македонските одбојкарки успеаја да дадат поголем отпор, но Турција повторно беше поквалитетна. Вториот сет заврши со 25-16, додека во третиот нашата селекција освои 15 поени, но противникот со 25-15 стави точка на натпреварот за конечни 3-0.

Македонија е дел од групата Б, каде што до крајот на групната фаза ја очекуваат уште три натпревари.



Следниот предизвик за нашите одбојкарки е Косово на 24 август од 11:00 часот, а потоа следуваат дуелите со Грција на 26 август и Алжир на 27 август.

По овој голем пораз Македонија ќе има можност на следните натпревари да се покаже во подобро издание.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!