Турнири

Поликлиника Др. Спаско победи, па загуби, дебакл на Житоше на турнирот во Дебреште

Сподели
Сподели

Синоќа беа одиграни четири натпревари на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески Алмо 2026“ со прилепско Дебреште, каде публиката уживаше во одлични натпревари на кои имаше одново голем број на погодоци.

Екипата на Поликлиника Др. Спаско ја отвори вечерта со триумф над Дунаф Голд од 2:0, а веднаш потоа одигра уште еден меч, но овој пат „докторите“ загубија со тесни 3:4 од составот на Пикси Бојс.

Следуваше трет меч на кој пукна „петарда“ откако екипата на BHS Груп Саждево од Крушево со високи 5:0 го декласираше тимот на Еко Бау Житоше.

Следуваше нова доминација на BHS Груп Саждево од Крушево, откако овој пат забележа „лото“ победа декласирајќи го тимот на Житоше со неверојатни 7:0.

Вечерва на програмата ќе бидат четири натпревари, а вечерта се отвара со мечот од 19:30 часот меѓу екипите на Десово Градба и Теута Сталоне Саждево. Половина час подоцна Десово Градба ќе одигра уште еден меч овој пат на мегдан оди против Банана Кик.



Во 20:30 часот се игра натпреварот меѓу Лисичани и Дунаф Голд, а пак од 21 часот е натпреварот меѓу екипите на Црнилиште и Непобедливи Пикси.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој се организира во чест на Алмир Ибески – Алмо, Меморијален турнир кој важи за одлично организиран со голем број на пријавени екипи и силна конкуренција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!