Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Прв пораз за македонските кадети на ЕП, Исланд славеше во Гевгелија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката кадетска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во натпреварот од второто коло во Гевгелија загуби од Исланд со 69:78.

Исланѓаните имаа подобар почеток и уште во првата четвртина успеаја да создадат двоцифрена предност. Македонија тешко влезе во натпреварот, што противникот го искористи за водство од 23:10 по првите десет минути.

Во вториот период нашите кошаркари го подигнаа нивото на игра. Покрај Зунзуровски, во нападот се приклучи и расположениот Шабани, па разликата постепено почна да се намалува. Со серија од 11:5, Македонија ја сведе негативата на едноцифрена, а на полувремето Исланд водеше со 35:28.

Во првото полувреме Македонија имаше сериозни проблеми со шутот, реализирајќи само една тројка од десет обиди, како и пет од 11 слободни фрлања. Во скокот нашите кошаркари беа рамноправен противник, но загубените топки беа сериозен проблем, бидејќи Македонија направи дури 10 загубени топки во првите 20 минути.

По четири минути игра во третата четвртина, по поените на Коневски, Македонија се доближи на само два поени негатива (38:40). Неизвесноста продолжи до крајот на периодот, кој Исланд го доби со минимални 24:28, за предност од 59:56 пред последните десет минути.

Нашите кадети во повеќе наврати беа на чекор до целосен резултатски пресврт, но не успеаја да го направат последниот чекор. При резултат 61:64 пропуштија неколку напади и можности од линијата за слободни фрлања, што Исланд го искористи за серија и водство од 69:61.

Шабани накратко ја прекина серијата на противникот, а Анѓеловски намали на 65:72, но Исланд сигурно ја контролираше завршницата и не дозволи Македонија да се врати во мечот. На крајот, Исланѓаните славеа со 78:69.

Втора вечер по ред најдобар во македонскиот состав беше Дион Шабани, кој запиша нов дабл-дабл учинок од 26 поени, 11 скока и три асистенции. Александар Зунзуровски натпреварот го заврши со 22 поени и 10 скока. Коневски и Џолев постигнаа по седум поени, додека Анѓеловски заврши со шест.

Во натпреварот од третото коло, денес од 18:30 часот, Македонија ќе се сретне со селекцијата на Хрватска. Хрватите денеска убедливо го совладаа Кипар со 107:33 и со две победи се наоѓаат на првото место во групата „Б“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!