Прва лигаФудбал

ВИДЕО: ВАР правилно интервенираше во три клучни ситуации од мечот Шкендија Арачиново и Силекс

Сподели
Сподели

Три клучни судиски одлуки на воведниот натпревар од второто коло од Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Силекс.

Во 27. минута од натпреварот, главниот судија не забележува очигледен прекршок врз играчот на домашната екипа кој е внатре во казнениот простор на гостинската екипа, близу до линијата. По правилна ВАР проверка и интервенција, главниот судија по преглед на снимка на терен (OFR) досудува казнен удар за домашната екипа.

Во 45+2 гостинската екипа постигнува гол. Првиот асистент судија правилно ја одложува сигнализацијата со знаме применувајќи го ВАР протоколот и по завршување на нападот сигнализира офсајд прекршок во фазата на градење на напад (APP). ВАР судијата согласно протоколот ја проверува фазата на градење на напад и офсајд одлуката на првиот асистент судија ја потврдува со цртање на офсајд линии. Напаѓачот на гостинската екипа е во офсајд во моментот на додавање на топката од 30 сантиметри. Тесна офсајд одлука, но исправна од асистентот судија и правилно потврдена од ВАР.

Третата клучна ситуација е во 82 минута кога главниот судија пропушта да препознае очигледен прекршок од одбранбениот играч на домашната екипа. Гостинскиот напаѓач е во целосна контрола на топката во моментот кога одбранбениот играч ја промашува топката и го соборува напаѓачот со невнимателен прекршок. По ВАР проверка и интервенција, главниот судија е повикан на преглед на снимка на терен (OFR) по што ја прифаќа ВАР интервенцијата и досудува правилно казнен удар за гостинската екипа.

Уште еднаш се потврдува заложбата на ФФМ со имплементацијата на ВАР технологијата, за вакви клучни ситуации кои влијаат на конечниот исход од натпреварот.
Судиите и судиската организација ќе продолжат со стриктна примена на Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар...

Трета лигаФудбал

Аеродром и БВК Коњаре со гостински победи, Студеничани до три бода во дуелот со Ржаничино

БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч од 4. коло на Трета лига регион 1. Флорент Османи го...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Аеродром и БВК Коњаре со гостински победи, Студеничани до три бода во дуелот со Ржаничино

БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!