РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во новото издание на Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ на Националната арена „Тодор Проески“ претрпеа пораз од Шкотска со 0-2, што беше трет неуспех за нашата селекција во групата.

Гостите одлично го започнаа натпреварот и уште во шестата минута стигнаа до предност. Киран Боуви доби простор пред нашиот шеснаесетник, се реши за удар од далечина и прецизно ја смести топката во мрежата на Димитриевски за 0-1.

Македонија тешко доаѓаше до шанса, додека Шкотска беше поконкретна и во продолжението од првиот дел. Робертсон и Ганон-Доук имаа можности за зголемување на предноста, но не беа прецизни, додека најсериозниот наш обид го имаше Илиевски, кој по една контра шутираше крај голот.

Селекторот Гоце Седлоски реагираше уште во првото полувреме и по само половина час направи двојна замена, внесувајќи ги Џеков и Атанасов на местата на Херера и Станковски. Сепак, промените не донесоа значителен пресврт во играта.

Во вториот дел Шкотите повторно беа поопасни, а главна улога имаа и ВАР-ситуациите. Во 56. минута беше досуден пенал за гостите по стартот на Гаштаров, но по прегледот на снимката одлуката беше преиначена.

Неколку минути подоцна повторно следуваше проверка за пенал, но овојпат одлуката остана. Миовски играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а МекГин ја презеде одговорноста и во 69. минута погоди за 0-2.

Шкотска остана со десетмина во 83. минута по исклучувањето на Мекена, но Македонија не успеа да го искористи бројчаниот вишок. До крајот немаше промена на резултатот.

Со тоа, Македонија го запиша третиот пораз во групата и повторно остана без постигнат гол. Во следниот натпревар нашата репрезентација гостува кај Швајцарија во Луцерн.

☕ Ако ја поддржувате работата на Спортска Мрежа и нашата мисија за промоција на македонскиот спорт, можете симболично да нè поддржите со едно кафе. Вашата поддршка ни помага да продолжиме да создаваме содржини за македонскиот спорт.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!