Кошарка

КК Пелистер останува посветен на младите, Марковски и Созовски остануваат во клубот

Сподели
Сподели

КК Пелистер продолжува да инвестира во својата иднина, со јасна определба покрај резултатите на сениорско ниво да посвети големо внимание и на развојот на младинските категории.

Од битолскиот клуб истакнуваат дека примарна цел и оваа сезона е успешен настап во Првата лига и продолжување на традицијата на добри резултати. Паралелно со тоа, раководството останува посветено на создавање и афирмација на млади кошаркари кои во иднина треба да бидат носители на играта.

Како потврда на таа стратегија, Пелистер ги продолжи договорите со двајцата свои перспективни кошаркари, Наум Марковски и Лео Созовски. За двајцата таленти ова ќе биде трета сезона во која ќе бидат дел од сениорскиот тим, со можност дополнително да се развиваат и да стекнуваат драгоцено искуство во прволигашката конкуренција.

Со овој потег, битолскиот клуб уште еднаш покажува дека покрај амбициите за резултатски успеси, сериозно работи и на градењето на стабилна иднина преку развојот на сопствените млади кошаркари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!