Останато

Марко Алексовски со двојна титула на J30 турнирот во Улцињ

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Петнаесет годишниот македонски тенисер Марко Алексовски  продолжува со одличните настапи на турнирите до 18 години. Алексовски оваа недела стигна до двојна титула на J30 турнирот во Улцињ, триумфирајќи во сингл конкуренција и во двојки, каде настапуваше со Црногорецот Скендер Катана.

Во сингл конкуренција, Алексовски во финалето убедливо го совлада Италијанецот Марко Брињоли со 2:0 (6:2, 6:1). Претходно, во полуфиналето беше подобар од Бугаринот Љубен Хубенков со 6:3, 3:0, по што противникот го предаде мечот.

До финалето, македонскиот тенисер во четвртфиналето го совлада Михаил Мичшенко од Казахстан со 2:1 (6:1, 4:6, 6:2), во меч во кој го загуби единствениот сет на турнирот.

Алексовски претходно беше убедлив и во групната фаза, каде ги победи Павле Вукосављевиќ од Србија со 2:0 (6:3, 6:3), Лука Сецански од Србија со 2:0 (6:0, 6:0) и Раз Ти Поска од Италија со 2:0 (7:5, 6:2).

Во конкуренција на двојки, Алексовски и Катана до титулата стигнаа откако нивните противници Никша Смиљаниќ и Немања Тодориќ од Босна и Херцеговина го предадоа финалниот меч.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен во Тирана, продолжувајќи со одличните настапи на меѓународната сцена. Рељиќ турнирот...

Поврзани написи
Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен...

Останато

Ивановски успешно ги започна квалификациите за Челинџерот во Палермо

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со голема борба и по речиси три часа...

Останато

Филип Маџунков повторно во дресот на ОК Струмица 47&72

ОК Струмица 47&72 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!