ФудбалФутсал

Младиот голман Филип Лазаров се раздели со шампионот Проект

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели



Македонскиот футсал шампион Проект и голманот Филип Лазаров и официјално ја завршија меѓусебната соработка, со што 22-годишниот чувар на мрежата станува слободен во изборот на новата средина.

Лазаров зад себе остава успешна сезона во дресот на клубот од Јосифово, со кој ја освои двојната круна во македонскиот футсал, триумфирајќи и во шампионатот и во Купот на Македонија. Во Проект пристигна во февруари 2025 година и беше дел од генерацијата која испиша значајни страници во клупската историја.

Роден на 4 јануари 2004 година, Лазаров важи за еден од најперспективните млади голмани. Покрај настапите за Проект, во футсал кариерата го бранеше голот и на Црна Река од Кавадарци.

Покрај футсалот, Лазаров има богато искуство и на големиот фудбалски терен. Кариерата ја започна во Брера Струмица, а потоа беше дел од Беласица, Тиверија, Хоризонт Турново и Ударник од Пирава, каде минатата сезона настапуваше како голман на овој третолигаш.

Станува збор за млад и талентиран голман со голем потенцијал, а интерес за неговите услуги веќе постои. Се очекува во наредниот период да биде познато каде Лазаров ќе ја продолжи својата кариера и дали повторно ќе остане во македонскиот футсал или ќе прифати нов предизвик.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!