Арсими конечно дојде до триумф во 2026 година, откако славеше над Шкупи на свој терен како формален гостин со 0:3 во рамки на 19. коло на Првата лига.
Двоен стрелец беше Ремзифаик Селмани, а еден гол постигна Арѓент Гафури со што Арсими по двата порази на стартот од пролетниот дел стигна до победа.
Шкупи продолжува и натаму да нижи порази и повеќе од јасно е дека овој тим нема квалитет во битката ниту за бараж за опстанок, па само ќе се чека математички да се потврди испаѓањето на Шкупи во Втора лига.