Фаворитите пред проблем стигнаа до победи во рамки на 15. коло на женската ракометна Супер лига, откако шампионот Ѓорче Петров на домашен терен со 42:20 го декласираше тимот на Куманово.
Уште од самиот меч се наметна темпото на „лавиците“ кои уште од првиот меч започнаа како на тренинг меч и лесно стигнаа до бодовите. Повеќе ракометарки во таборот на шампионот се истакнаа со погодоци. Катерина Дамјаноска, Емилијана Ризоска и Марија Гугуљанова имаат по шест погодоци, кај поразениот тим се истакна Мариана Силва Азеведо со седум реализации, еден од линијата за седум метри.
Чаир како на прошетка во Битола откако со 16:34 лесно го декласираше Пелистер и ги собра бодовите. Скопскиот тим одлично го отвори мечот и веќе уште во првиот дел имаше предност од 7:15, а во вториот дел беше само рутина за искусниот тим. Рона Мифтари со осум погодоци беше прво име кај Чаир, додека пак кај Пелистер со по четири гола се истакнаа Ана Стојчевска и Анастасија Тодоровска.
Спартак стигна до првата сезонска победа откако го освои Штип каде го победи Астибо со резултат од 26:30 и тоа преку пресврт бидејќи скопскиот тим на полувреме имаше негатива од 16:12.
Штипјанки одлично отворија и имаа неверојатна серија 6:1, а потоа стекната предност ја одржуваа до полувреме. Во вториот дел Астибо отвори лошо, а Спартак казнуваше максимално и започна да ја топи предноста откако во 48. минута Спартак имаше серија од два гола за 18:18, а потоа и го презеде водство во 41. минута при 19:20.
Мечот понуди неверојатна драма, Астибо дојде до водство од 21:20, а потоа Спартак одново имаше водство од плус два во неколку наврати, а клучната разлика се направи во 56. минута кога беше 25:28, па тука се урнаа сите надежи на Астибо откако Спартак стигна до првото сезонско славје со 26:30. Новите засилувања ја донесоа првата радост за Спартак, а со тоа тимот ќе цели кон прогрес на табелата до крајот на сезоната.
Марија Анчева за Астибо беше најдобар стрелец со осум погодоци, а пак кај Спартак со по седум погодоци се истакнаа Сузана Зечевиќ, Ива Божиновска и Анастасија Николовска.
Натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Вардар не се одигра, ова ќе биде службена победа за „црвено-црните“ со 0:10.