Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Шпанецот Берокал ја презеде македонската сениорска кошаркарска репрезентација

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија и официјално го промовираше Жозеп Мариа Берокал за нов селектор на машката сениорска репрезентација. На прес-конференцијата одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, пред новинарите се обрати претседателот на федерацијата, Томе Главчев.

Главчев истакна дека назначувањето на Берокал претставува важен чекор во создавањето нова енергија и јасна визија за иднината на националниот тим. Тој потенцираше дека шпанскиот стручњак доаѓа со богато меѓународно искуство, препознатлива кошаркарска филозофија и професионален пристап, од кои се очекува да донесат квалитет и стабилност во работата на репрезентацијата.

Во стручниот штаб на новиот селектор ќе биде вклучен и домашниот тренер Ѓорѓи Кочов, кој ќе ја извршува функцијата асистент и ќе претставува важна врска меѓу меѓународното искуство и македонската кошаркарска школа.

Дополнителна улога во координацијата и стратешкото поврзување на сите национални селекции ќе има директорот – координатор на репрезентациите, легендарниот Владо Илиевски, чиe искуство и авторитет треба да придонесат за создавање стабилен и долгорочен систем.

Од КФМ нагласуваат дека федерацијата останува посветена на професионализација, развој на домашните играчи и враќање на препознатливиот репрезентативен дух, со цел македонската кошарка повторно да се врати на нивото кое го заслужува.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!