Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на Македонија, а фаворитите во најголем дел ја оправдаа улогата.

Младост Богданци продолжува во победнички ритам. Лидерот во Првата лига славеше убедлива победа од 36:22 против Текстилец и уште еднаш ја потврди победничката форма. Тимот од Богданци сериозно чекори кон враќање во Суперлигата.

Прволигашот Јехона на домашен терен во Гостивар загуби со 36:37 од суперлигашот Радовиш. За радовишани ова е прекин на долгата серија порази.

Убедлива победа запиша и Мулти Есенс, кој со 46:24 беше подобар од Вардар Неготино. Идентично доминантен настап имаше и Прилеп, кој со 40:24 го совлада прволигашот Партизан.

Суперлигашот Куманово без проблеми триумфираше против Шампион со 46:18, додека во прволигашката пресметка Македонија Ѓорче Петров славеше над Преспа со 38:26.

Најубедлив триумф вечерва оствари Еурофарм Пелистер 2, кој со 46:11 го декласираше Овче Поле и сигурно обезбеди место во следната рунда.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!