Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Жозеп Мариа Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија, долг е патот но ќе дадеме максимум

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, веќе започна со работа и ги одржа првите два тренинга со националниот тим. По стартот на подготовките, шпанскиот стратег ги сподели своите први впечатоци пред медиумите.

„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да се биде селектор на Македонија. Свесни сме дека периодот за подготовки е краток, но и по само два тренинга можам да кажам дека тимот има голем простор за напредок.

Треба да размислуваме долгорочно и постепено да го унапредуваме тимот. За иднината е важно и кои млади играчи ќе доаѓаат и ќе се приклучуваат на националниот состав“, изјави Берокал.

Новиот селектор откри дека неговата поврзаност со македонската кошарка датира од поодамна, преку поранешниот репрезентативец Владо Илиевски, на кого му бил тренер пред повеќе од две децении. Тој додаде дека дел од актуелните репрезентативци ги познава и од претходната соработка во клубовите.

„Поврзан сум со македонската кошарка преку Владо Илиевски, на кого му бев тренер пред 23 години. Војдан Стојановски го тренирав во Украина, а некои од играчите ги познавам и од Шпанија.

Среќен сум што сум тука. Знам дека на почетокот нема да биде лесно и дека процесот ќе биде долг, но ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од овие играчи. Не знам кое ниво ќе го достигнеме, но верувам во нив. Им порачав да се натпреваруваат сами со себе, да напредуваат и да изградат шампионски менталитет. Треба да останеме фокусирани на обврските што ни претстојат“, порача Берокал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!