Ракомет

„Лебари“ организиранo ќе патуваат во Прилеп – ракометарите на Радовиш ќе имаат силна поддршка од трибините

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Радовиш во претходното коло забележаа важна победа над Струга на домашен терен, а сега во рамки на 4. коло на плеј-аутот гостуваат во Прилеп каде исто така ќе мораат да победа ако сакаат директен опстанок во Суперлигата.

Радовишани на гостувањето во „Ристе Ристески – Ричко“ ќе имаат поддршка од своите „Лебари“, навивачката група од Радовиш организирано доаѓа во Прилеп со цел да даде максимална поддршка на нивниот миленик во битката за опстанок.

„Сега сме му најпотребни на клубот за опстанок во Суперлигата. Да се собереме во што поголем број и да ја дадеме максималната поддршка“, велат од НГ „Лебари“.

Радовиш ќе ја бара првата победа сезонава на гостински терен, прва радост во гости, а за таа цел „Лебари“ организирано доаѓаат во Прилеп да го бодрат својот миленик.


Тргнувањето е предвидено во 16 часот пред СРЦ „25 Мај“ во четврток, а мечот се игра во 19 часот во спортската сала „Ристе Ристески – Ричко“.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!