ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Сподели
Сподели

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе се игра во два термини, утрински и попладневни. Претставници од сите клубови вечерва беа во Струмица, каде се извлече ждрепката за новата сезона 2026/2027.

Ждрепката посака Готен да биде домаќин на Сачево, дуел кој ќе се игра во Подареш, а ќе стартува во 11 часот, во ист термин ќе игра Грозд против Банско, а пак во Мокриево е мечот меѓу Подгорд КМБМ и Интер Кукла.

Во 11 часот ќе се одигра и мечот меѓу некогашниот третолигаш Василево и Струмешница.



За од 15 часот предвидени се три мечеви. Илинден ќе игра против Напредок Здравје од Радово во Василево, Слога Злеово ќе игра против Младост Муртино во Подареш, а пак Единство ќе се соочи со Спартмани.

Во новата сезона ќе настапат 14 екипи, а шампионот стекнува право да учества во Трета лига регион 3.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Тромеѓа се откажува од Третата лига регион 2: Клубот по седум кола донесе одлука за повлекување од натпреварувањето!

Фудбалскиот клуб Победа од Тромеѓа донесе одлука да се повлече од понатамошното натпреварување во Третата македонска фудбалска лига – регион 2. Одлуката е...

Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени сликата на врвот. Шкендија влегува како лидер со 24 бода, но...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Пет бода меѓу првите четири: Вардар и Струга во директна пресметка, Шкендија на испит во Штип

Дванаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига може повторно да ја промени...

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!