Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите, откако на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ загубија од полската Висла Плоцк со 26-32. Гостите ја оправдаа фаворитската улога и со цврста одбрана и сигурна игра во нападот заслужено ги освоија бодовите од Скопје.

Полскиот состав уште од почетокот ја презеде контролата врз натпреварот. Вардар имаше проблеми да најде решение за агресивната одбрана на противникот, па Висла постепено ја зголемуваше предноста, која во првото полувреме достигна и шест гола. Сепак, домашните успеаја да се консолидираат во финишот и на паузата заминаа со подносливи 13-15.

Надежите за пресврт се намалија на стартот од вториот дел, кога гостите повторно се одлепија резултатски. Вардар се обидуваше да се врати во игра, но секоја грешка во нападот беше казнета од расположениот ривал. Висла во продолжението ја зголеми предноста и во завршницата рутински го приведе натпреварот до крајот.

Најсветлата точка во домашниот состав беше Матео Фадуил, кој одигра извонреден натпревар и постигна 14 гола, но немаше доволна поддршка од соиграчите. Јака Малус беше следен стрелец кај Вардар со четири погодоци. Кај гостите, Фредерик Бјере се истакна со десет гола.

За „црвено-црните“ ова е трет пораз во исто толку натпревари во елитното европско натпреварување. Новата пресметка со Висла Плоцк следува на 14 октомври, кога македонскиот претставник ќе гостува во Полска и ќе има можност да се обиде да го поправи впечатокот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Виктор Петровски е нов селектор на женската кошаркарска репрезентација на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија го именуваше младиот и трофеен тренер Виктор Петровски за нов селектор на женската сениорска репрезентација. Со оваа одлука започнува...

КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот на Македонија, судискиот одбор објави стручно образложение за неколку спорни ситуации,...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар со борбено реми против Мелсунген ја затвори европската приказна во Лигата на шампионите

Двократниот европски шампион Вардар 1961 со реми од 26-26 против германскиот Мелсунген...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, билетите за дуелот со Луксембург во продажба!

Почнува новиот квалификациски предизвик за македонската машка ракометна репрезентација, која ќе ја...

Ракомет

Вардар брка европски триумф против Мелсунген за крај на настапот во ЛШ!

Вардар 1961 го очекува последниот предизвик во групната фаза од Лигата на...

Ракомет

Во продажба билетите за ракометниот спектакл Вардар – Еурофарм Пелистер!

Се приближува новото издание на најголемото домашно ракометно ривалство, а навивачите веќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!