Втора лигаФудбал

Израмнета трка за најдобар стрелец во Втората лига – Христов и Рамадани со по 18 голови

Сподели
Сподели

По 24 одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, трката за титулата најдобар стрелец станува сѐ поинтересна. На врвот на листата сега се наоѓаат двајца фудбалери со идентичен голгетерски ефект – Симеон Христов од Македонија ЃП и Аљбин Рамадани од Арсими, кои досега имаат постигнато по 18 погодоци.

Христов долго време ја држеше водечката позиција сам, но Рамадани со одлични игри и ефикасност успеа да го стигне и сега двајцата водат директна битка за голгетерската круна во последните кола од сезоната.

Зад нив, на третата позиција се наоѓа Андреј Симевски од Каменица Саса со 12 постигнати голови, додека четврт е Хусеин Демири од Башкими со 11 погодоци.

До крајот на шампионатот нѐ очекува возбудлива завршница и неизвесна битка за титулата најдобар стрелец во лигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!