Втора лигаФудбал

Реми на Победа и Башкими на пријателски меч

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашите Победа и Башкими одиграа пријателски натпревар со цел брусење на формата за пролетната полусезона која ќе започне на 15. февруари.

Натпреварот заврши без победник со по еден гол на двете страни за конечни 1:1. Победа прва дојде до водство во 15. минута од мечот, а пак Башкими преку новото засилување Фахрудин Ѓурѓевиќ во 38. минута ги постави конечните 1:1.

Двете екипи во пролетниот дел имаат различни цели. Победа сака сигурен и директен опстанок во Втората лига, со цел да не се повтори ланското сценарио кога преку браж се избори за опстанок во Втората лига, совладувајќи го шампионот на Трета лига – Север, Куманово. Од друга страна, пак, Башкими ќе води борба за влез во Првата лига, откако есенскиот дел го заврши на третото место или во бараж зоната со само бод негатива во однос на Брегалница која е втора.

Победа пролетниот дел го отвара токму против Брегалница, додека пак Башкими на домашен терен стартува против Борец од Велес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ двајцата во пакет пристигнаа од редовите на третолигашот Победа од Валандово....

Ракомет

Искусната голгетерка Марија Анчева се раздели со Астибо – почнува битката за нејзиниот потпис

Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот ракомет во Македонија, Марија Анчева, повеќе нема да го носи дресот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ...

Прва лигаФудбал

Аган Сулејмани си заминува од прволигашот Башкими!?

Талентираниот напаѓач Аган Сулејмани е пред заминување од кумановскиот прволигаш Башкими. 21-годишниот...

Прва лигаФудбал

Шкендија убедливо ја започна сезоната – Скопје декласиран со три гола

Шкендија со сигурна победа од 3-0 против Скопје успешно ја отвори новата...

Прва лигаФудбал

Силекс немилосрден на стартот од сезоната – Башкими испратен со шест гола од Кратово

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, на импресивен начин ја отвори новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!