Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

Сподели
Сподели



По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората македонска фудбалска лига.

Охрид игра според планот сезонава и „рибарите“ годинава дефинитивно сакаат директен влез во Прва лига, лани за „влакно“ не успеаја во намерата, но годинава работите се посериозно во клубот покрај Охридското Езеро.

Четири од четири со најефикасен напад кој реализираше 12 погодоци, Охрид има максимален учинок и се наоѓа на челната позиција, но тимот на младиот стратег Ромео Кочоски има меч помалку, тој од второто коло со Детонит Плачковица, кој треба да се одигра во Радовиш.

Пелистер по пет меча има ефект од три победи и две ремија и 11 бодови за втора позиција на табелата, но истата „виси“ бидејќи Брера Струмица е трета со десет бодови, но со меч помалку, па ако струмичани одложениот меч со Работнички го добијат, може да се вратат на второто место, но и на првото, во зависност како ќе одигра Охрид со радовишани.



Беласица заборава да победува – реми на три меча во низа и девет бодови од можни 15. Тимот на Мартин Алаѓозовски е на четвртото место на табелата и шанса за враќање на победничките патеки гледа во следното коло против Еуромилк во Горно Лисиче.

Дури четири екипи имаат по седум бодови и се распределени од петтото до осмото место односно Детонит Плачковица, Македонија ЃП, Камјани и Кожуф.



Радовишани може да имаат скок на табелата бидејќи имаат натпревар помалку, одложениот со Охрид кој доколку го добијат пред домашната публика ќе имаат прогрес. Минатото коло Детонит Плачковица го претрпе првиот сезонски пораз, а сега следува ново неизвесно гостување кај дебитантот Камјани.

Работнички има одиграно најмалку натпревари – „само“ три од пет, „романтичарите“ имаат одложени мечеви со Тетекс од второто коло и Брера Струмица од петтото коло. Со ефект од две победи и еден пораз тимот од Дебар Маало е на деветтото место со шест бодови.

Тетекс ја задржа десеттата позиција откако успеа во Струмица да обезбеди голем бод во дуелот со Беласица ремизирајќи 2:2 во меч под рефлектори.

Новаци по тренерската промена стигна и до првата сезонска победа, на домашен терен му го нанесе првиот сезонски пораз на Детонит Плачковица и со тоа излезе за првпат од опасната зона. Новаци го има 11-тото место со четири бодови на своето конто.



Еуромилк ГЛ е во опасната зона односно на 12. место со три бодови – ефектот на „лисиците“ кои се повратници во второлигашката конкуренција е четири порази и една победа.

Осогово кој минатата сезона беше хит во Втората лига, по пет кола во новата сезона ги разочара фановите, „жетварите“ имаат само еден од можни 15 бодови и се наоѓаат на претпоследното место. Пред тимот од Кочани ќе биде сезона полна со предизвици, колку порано почне тимот да собира бодови, толку работите ќе бидат полесни за опстанок.

На дното од табелата е ланскиот прволигаш Шкупи без ниту еден освоен бод со пет порази од толку натпревари.

Како тргнало тимот од Чаир е на добар пат да ја доживее судбината на Борец кога по испаѓање од Прва во Втора лига, експресно испадна и во Трета лига.

Не е многу сјајно во тимот од Чаир, а шанса за поправен и за први бодови Шкупи гледа в сабота против Брера во Струмица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!