Трета лигаФудбал

Илинден го доби Аеродром, Ржаничино броеше до десет, висока победа за БВК Коњаре, три бода за Беса Сарај

Сподели
Сподели



Амбициозниот Илинден со триумф ја започна сезоната во Трета лига регион 1 во која ќе цели на шампионската титула и на бараж за Втора лига како прв фаворит во овој регион.

Тимот на Горан Симов славеше со 1:3 над Аеродром во гости и победнички ја стартува сезоната, но до овој триумф фаворитот се намачи, иако резултатски изгледа сигурно.

По чистите мрежи во првиот дел, Фуад Керими во 49. минута донесе предност за Аеродром, а израмнувањето се случи во 80. минута со голот на Дарио Десниќ. Шест минути подоцна Давид Ристовски направи пресврт на 1:2, а во 89. минута Десниќ со втор гол ги постави конечните 1:3.

Студеничани го доби дуелот со Кул Здравје на кој беа постигнати дури осум погодоци, а домашниот состав беше подобар со 5:3. Шуајб Алити и Хамит Абази беа двојни стрелци за домашниот тим, а пак Филип Костовски си постигна авготол.

За гостинот стрелаше Ангел Петрушевски, а двапати погоди Никола Јовановски.

Беса Сарај забележа победа над новиот третолигаш Марино со резултат од убедливи 4:1. Љавдрим Палику во 6. минута погоди за предност на домаќинот, а потоа Леутрим Таири си постигна автогол за 1:1 три минути подоцна.

До крајот на првиот дел Беса Сарај имаше предност од 3:1 преку Муадх Куртиш и Зирап Имери, а во вториот дел погоди и Ибрахим Мемеди.

Најголема победа забележа Ржаничино откако на домашен терен со 10:0 го декласираше новајлијата Перпарим Нигиштан.



Стефан Богдановски постигна дури пет погодоци, а по еден гол постигнаа Мартин Лазев, Огнен Здравковски, Андреј Бошковски, Даниел Симоновски и Иван Мицевски.

БВК Коњаре со убедлива победа ја отвори новата сезона 2026/2027 откако во гости славеше над Фортуна со резултат од 2:6.

За домашниот тим во финишот од мечот погодија Бејтула Авдулаи и Ахмет Реџепи, додека пак за гостинот двојни стрелци беа Амар Мустафа и Флорент Османи, а по еднаш погодија Газменд Љамалари и Еркан Шаип.



Еден меч заврши без победник откако Башкими Љуботен и Њу Старс ги поделија бодовите играјќи 1:1. За домашните Албан Алија беше стрелец во 8. минута, а за гостинот Петар Котевски во 17. минута.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!