Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

Сподели
Сподели

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич.

Брдаровски е искусен десен бек со богата кариера во македонскиот фудбал, но и интернационално искуство. Во досегашната кариера го носел дресот на Пелистер, Работнички, Брно, Ѓер, Вардар, Дрита и Шкупи, а има настапувано и за репрезентацијата на Македонија.

Со долгогодишното искуство од домашното првенство, европските натпревари и репрезентативниот фудбал, Брдаровски треба да донесе дополнителна стабилност, квалитет и лидерски карактер во составот на Скопје.

Покрај него, офанзивната линија е засилена со 33-годишниот српски напаѓач Милош Гордич. Високиот 1,87 метри централен напаѓач во кариерата настапувал за повеќе клубови, меѓу кои и Нови Пазар, додека последниот интернационален предизвик го имаше во Индија, каде го носеше дресот на Намдхари.

Гордич е напаѓач кој се одликува со физичка сила, борбеност и искуство, а од него во Скопје се очекува да донесе дополнителен квалитет во нападот и да помогне со голови.

Со ангажманот на Брдаровски и Гордич, ФК Скопје добива значајно искуство и квалитет на двете страни од теренот, во обид да ги оствари своите амбиции во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!