Трета лигаФудбал

Куманово со висок триумф над Јуниор од Доброшане, дебитантот од Крива Паланка тргна со пораз

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Куманово со сигурна победа ја отвори новата сезона во Трета лига регион 2 откако триумфираше над Јуниор од Доброшане со 0:3.

Андреј Јовановски го отвори резултатот по осум минути игра, со што Куманово на полувреме имаше гол предност. Во вториот дел Јовановски со втор гол обезбеди двојна предност, а во 72. минута Ќендрим Абази ги постави конечните 0:3.

Дебитантот од Крива Паланка, екипата на Академија Осогово со пораз ја стартуваше сезоната, откако во Слупчане загуби од Беса со 3:1.

Домашниот тим сите три погодоци ги постигна во првото полувреме, откако Шуајб Бајрами во 10. минута го отвори резултатот, а потоа во 37. минута Харун Касуми ја дуплираше предноста, а пак шест минути подоцна Мерван Фетаи беше прецизен за 3:0.

На стартот од вториот дел Никола Стојмировски постигна гол за конечни 3:1.



Натпреварот меѓу Липково и Влазними од Оризари не се одигра, бидејќи домашниот тим на овој натпревар немал лекар, а на терен биле сите службени лица односно судиите, делегатот, како и домашната и гостинската екипа, а бидејќи немало лекар мечот не стартувал.

Извештајот на Спортска Мрежа за вчерашните мечеви можете да го прочитате овде.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!