Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против Скопје, во последниот натпревар од 7. коло во Втората фудбалска лига на Македонија.

По првенствените победи над Башкими со 2-1 и Брегалница со 1-0, тимот од Арачиново во средината на неделата славеше и на гостувањето кај Детонит со 3-1, во рамките на Купот на Македонија.

По три последователни натпревари одиграни на гостински терен, Шкендија Арачиново денеска се враќа пред својата публика, каде што ќе го пречека тимот на Скопје со амбиција да стигне до нови три бода и да ја продолжи одличната серија.

„Како и на секој натпревар, така и сега, одиме на победа. Знаеме дека нема да биде лесно, но сѐ што направивме досега мора да го потврдиме против Скопје и да ја израдуваме нашата публика на домашен терен“, изјави Миле Тодоров.

Дуелите меѓу овие две екипи секогаш носат ефикасен фудбал и многу голови. На претходните две меѓусебни средби, Скопје најпрво ремизираше на домашен терен (2-2), а потоа славеше и како гостин против Шкендија Арачиново со 2-1.

Денешната пресметка се игра на стадионот во Чаир со почеток од 16:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Доне Ристовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!