Ракомет

Сокол Саса ја загуби драмата и останува и натаму без бодови, Преспа го доби Илинден преку Томче Трајчевски

Сподели
Сподели

Неверојатна драма донесе натпреварот во Македонска Каменица меѓу Сокол Саса и Јехона, каде дебитантот беше најблиску како никогаш до сега за први бодови, но ја загуби драмата и го впиша седмиот пораз од толку натпревари во Првата ракометна лига, откако загуби од Јехона со 38:39.

Мечот започна со игра гол за гол, а гостинот потоа имаше серија за 6:10 кога ги имаше првите плус четири, како и на 8:12, таквата игра со водство од неколку погодоци Јехона ја имаше до 28. минута кога Атанасовски и Стоилоски погодија за водство на Сокол Сасал од 18:17.

На полувреме резултатот беше 18:18 и тоа веруваше повеќе од неизвесно полувреме.

Во второто полувреме Сокол Саса имаше плус два при 20:18 и 21:19, а таквата игра ја држеше домашната екипа 42. минута кога гостинот направи израмнување на 26:26. Следуваше пресврт во играта и водство на Јехона од 26:28 откако Груевски и Тасески беа стрелци на двата гола.

На крајот драмата во Македонска Каменица ја доби екипата од Гостивар со 38:39.

Кај домашниот тим се истакнаа Павле Стоиловски и Мирче Ѓеоргиев со по осум гола, кај гостинот Адис Салиу беше најдобар со 11 гола.

Преспа стигна до втората сезонска победа славејќи со 29:28 над Илинден на домашен терен со што гостинската екипа впиша четврти пораз.

Натпреварот беше егал со игра гол за гол без поголема предност и за двете екипи во текот на целиот меч.

Томче Трајчевски беше најдобар стрелец кај Преспа со осум гола, а го следеше Благоја Јончевски со шест гола. Кај Илинден со девет реализации прв беше Антонио Накоски, а пак Петар Цветковски имаше осум гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ за „Спортска Мрежа“: „Многу е потешко да се одбрани титулата отколку да се освои!“ 

ГРК Охрид ја продолжи европската приказна со уште две убедливи изданија во...

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од...

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!