Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Сподели
ФОТО: Денис Дуковски
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, иако на реваншот во „Расадник“ славеа против Горица со 25-24. По поразот од 27-24 на гостувањето во Хрватска, на македонскиот состав му недостигаше само еден погодок за да ја анулира негативата, но последниот чекор кон посакуваниот пресврт остана недостижен.

Гостите подобро го отворија натпреварот, но Бутел брзо ја презеде иницијативата и поведе со 5-3, а подоцна имаше предност и од два гола. Сепак, периодот со грешки во нападот им овозможи на Хрватите да направат пресврт и да стигнат до водство од 14-12. Субашевски погоди во последната секунда од првото полувреме за 14-13 и ја задржа надежта на домаќините.

Во продолжението, Бутел постепено ја презеде контролата. Одбраната предводена од Чаневски беше сè посигурна, а Субашевски со серија погодоци му помогна на својот тим да се врати во игра. По израмнувањето на 18-18, домашните продолжија да притискаат, па со головите на Михајловиќ и Стаменковиќ поведоа со 22-20.

ФОТО: Денис Дуковски

Во завршницата скопјани стигнаа и до предност од 24-21, а потоа и до 25-22, резултат со кој беа на само еден гол од целосен пресврт во двомечот. Бутел ја имаше и клучната можност да ја зголеми разликата, но не ја искористи. Горица возврати преку Караула, кој со погодоците од пенал и во самиот финиш ја намали разликата на 25-24 и ги урна надежите на домашните за продолжување во третото коло.

Субашевски беше најрасположен во редовите на Бутел, додека Стаменковиќ постигна четири гола. Кај гостите, Караула се истакна со осум погодоци.

Иако европскиот пат заврши, Бутел покажа дека може рамноправно да се носи со противникот и беше на само еден чекор од голем пресврт. Ова искуство ќе биде значајно за младиот состав на Стојанче Стоилов во продолжението на сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!