Останато

(ФОТО) Изабела Зајков најдобра домашна борачка, БК Бучим Радовиш прв во екипниот пласман!

Сподели
Сподели

БК Бучим Радовиш имаше одличен настап на седмото издание на Меѓународниот турнир „Трофеј Светски шампиони – Боречки легенди 2026“, освојувајќи го првото место во екипниот пласман. Радовишките борачи се закитија со вкупно 12 медали, а турнирот го одбележаа и три индивидуални признанија за најуспешните натпреварувачи.

На турнирот учествуваа 150 борачи од Македонија и регионот, кои понудија квалитетни борби и силна конкуренција, во вистинска спортска атмосфера.

Посебно признание доби Изабела Зајков, која беше прогласена за најдобра домашна борачка на турнирот, а настапот го круниса и со златен медал во конкуренција до 17 години, во категоријата до 66 килограми.

Уште едно големо признание за БК Бучим Радовиш му припадна на Мехмет Усеинов, кој беше прогласен за најдобар борач на турнирот. Усеинов го освои и златниот медал во конкуренција до 20 години, во категоријата до 61 килограм. Признанието за најдобар странски борач му припадна на Аспарух Аспарухов од БК Левски од Бугарија.

Покрај Усеинов и Зајков, златен медал за радовишкиот клуб освои и Димитар Атанасов, кој беше најуспешен во конкуренција до 17 години, во категоријата до 80 килограми.

Медалите за БК Бучим Радовиш

  • Златни медали:

Мехмет Усеинов – U20, до 61 кг
Изабела Зајков – U17, до 66 кг
Димитар Атанасов – U17, до 80 кг

  • Сребрени медали:

Анабела Поцева – U11, до 37 кг
Иса Демирша – U13, до 30 кг
Беркај Агушев – U17, до 48 кг

  • Бронзени медали:

Виолета Зајков – U11, до 25 кг
Давид Зајков – U11, до 30 кг
Берк Демирша – U11, до 32 кг
Спас Димитров – U11, до 40 кг
Теодор Костадинов – U17, до 90 кг
Младен Ефтимов – U20, до 52 кг

Со вкупно три златни, три сребрени и шест бронзени медали, БК Бучим Радовиш уште еднаш го потврди квалитетот на своите натпреварувачи и успешната работа во клубот.

„Честитки до сите наши борачи и тренери, како и до сите учесници што беа дел од ова издание. Со секоја година, турнирот продолжува да расте и да ја збогатува боречката традиција на Радовиш“, истакнаа од БК Бучим Радовиш.

Успехот на домашните борачи, првото место во екипниот пласман и индивидуалните признанија се уште една потврда за квалитетот на радовишкиот клуб, кој продолжува да создава успешни натпреварувачи и да ја негува боречката традиција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод...

Поврзани написи
Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и...

Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи...

Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А...

Останато

Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево обезбедија место во Првата А лига

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!