Останато

Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево обезбедија место во Првата А лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно го минаа претколото и обезбедија пласман во Првата А лига за регуларниот дел од сезоната. Таму ќе му се приклучат на актуелниот шампион Штип УГД.

ГОК Борец, Струмица 47&72 и Работнички 71&22 ја завршија работата со максимален ефект во двомечите против Весна Пробиштип, Македонија Џио и Скопје. Сите три екипи славеа и во реваншите, па со по две победи ги потврдија своите места во посилната конкуренција.

Најголема драма имаше во дуелот меѓу Сушево и Лирија, во кој домаќините повторно славеа со 3:2. По неизвесниот натпревар во пет сета во Тетово, и реваншот донесе голема борба, а победникот повторно беше решен во тај-брејк.

Сушево поведе со 2:0 во сетови, но Лирија успеа да се врати во натпреварот и да израмни на 2:2. Сепак, во решавачкиот сет домашната екипа беше поконцентрирана во клучните моменти, стигна до нов триумф од 3:2 и го завери пласманот во Првата А лига.

Во Првата Б лига во регуларниот дел од сезоната ќе настапуваат Весна Пробиштип, Македонија Џио, Скопје, Лирија и Јанта Волеј мажи.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!