Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и возбудливи натпревари, а Газели Волеј и ЖОК Вардар ЕМ стигнаа до нови победи по драматични завршници во петтиот сет. Наковски Волеј, пак, продолжува со сигурните настапи и го презеде врвот на табелата.

Газели Волеј и Младост УГД одиграа исклучително неизвесен натпревар во СЦ „Форца“, во кој домаќинките славеа по голема борба. „Газелите“ двапати поведуваа во сетови, со 1:0 и 2:1, но одбојкарките од Штип не се предадоа и изборија тај-брејк.

Во решавачкиот сет Младост УГД имаше предност од 11:13, а стигна и до меч-топка при резултат 13:14. Сепак, домашниот состав остана смирен во клучните моменти, ги одбрани шансите на противникот и со 16:14 го освои петтиот сет за голема победа. За Младост УГД ова е втор последователен пораз во пет сета.

Возбудливо беше и во скопската сала „Невена Георгиева Дуња“, каде што се сретнаа градските ривали Јанта Волеј КВ и ЖОК Вардар ЕМ. Јанта го доби првиот сет, но Вардар се врати во игра, направи пресврт и поведе со 2:1. Домашните одбојкарки успеаја да изборат тај-брејк, но во решавачкиот сет „црвено-црните“ беа поуспешни и ја забележаа втората победа во низа, со која остануваат во горниот дел од табелата.

На врвот по две кола се наоѓа Наковски Волеј, кој втор викенд по ред славеше максимално, без загубен сет, потврдувајќи го одличниот почеток на сезоната.

До првата победа во новото првенство стигнаа и Работнички Скопје и Пелистер Волеј, кои своите натпревари од второто коло ги добија со максимални 3:0.

Резултатите од ова коло најавуваат интересна сезона во женската одбојкарска конкуренција, во која неизвесните дуели и борбата за секој поен веќе се во преден план.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!