ФудбалФутсал

Црна Река го декласираше Фудбал Старс, четири гола на Стојан Петковски

Сподели
Сподели

Поранешниот прволигаш Црна Река пред домашната публика со 8:3 го декласираше Фудбал Старс во меч со кој се затвори второто коло на Втората футсал лига на Македонија.

Гостинот беше без сили да парира на далеку подобриот противник кој тоа го потврди со високата победа.

Стојан Петковски со четири погодоци го реши мечот против гостинот од Кочани, а по еден гол постигнаа Никола Димов, Димитар Чоков, Теодор Видиков и Тони Гаце. За гостинскиот тим стрелци беа Ѓорги Зашев, Дејвид Иванов и Давид Тренчев.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни

За тимот на Црна Река ова беше прв натпревар во новата сезона 2026/2027, бидејќи во првото коло тимот од Кавадарци беше слободен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФФМ: Исправни судиски одлуки на натпреварот Тиквеш – Башкими

На натпреварот меѓу ФК Тиквеш и ФК Башкими во неколку ситуации беа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!