Останато

(ФОТО) Изабела Зајков најдобра домашна борачка, БК Бучим Радовиш прв во екипниот пласман!

Сподели
Сподели

БК Бучим Радовиш имаше одличен настап на седмото издание на Меѓународниот турнир „Трофеј Светски шампиони – Боречки легенди 2026“, освојувајќи го првото место во екипниот пласман. Радовишките борачи се закитија со вкупно 12 медали, а турнирот го одбележаа и три индивидуални признанија за најуспешните натпреварувачи.

На турнирот учествуваа 150 борачи од Македонија и регионот, кои понудија квалитетни борби и силна конкуренција, во вистинска спортска атмосфера.

Посебно признание доби Изабела Зајков, која беше прогласена за најдобра домашна борачка на турнирот, а настапот го круниса и со златен медал во конкуренција до 17 години, во категоријата до 66 килограми.

Уште едно големо признание за БК Бучим Радовиш му припадна на Мехмет Усеинов, кој беше прогласен за најдобар борач на турнирот. Усеинов го освои и златниот медал во конкуренција до 20 години, во категоријата до 61 килограм. Признанието за најдобар странски борач му припадна на Аспарух Аспарухов од БК Левски од Бугарија.

Покрај Усеинов и Зајков, златен медал за радовишкиот клуб освои и Димитар Атанасов, кој беше најуспешен во конкуренција до 17 години, во категоријата до 80 килограми.

Медалите за БК Бучим Радовиш

  • Златни медали:

Мехмет Усеинов – U20, до 61 кг
Изабела Зајков – U17, до 66 кг
Димитар Атанасов – U17, до 80 кг

  • Сребрени медали:

Анабела Поцева – U11, до 37 кг
Иса Демирша – U13, до 30 кг
Беркај Агушев – U17, до 48 кг

  • Бронзени медали:

Виолета Зајков – U11, до 25 кг
Давид Зајков – U11, до 30 кг
Берк Демирша – U11, до 32 кг
Спас Димитров – U11, до 40 кг
Теодор Костадинов – U17, до 90 кг
Младен Ефтимов – U20, до 52 кг

Со вкупно три златни, три сребрени и шест бронзени медали, БК Бучим Радовиш уште еднаш го потврди квалитетот на своите натпреварувачи и успешната работа во клубот.

„Честитки до сите наши борачи и тренери, како и до сите учесници што беа дел од ова издание. Со секоја година, турнирот продолжува да расте и да ја збогатува боречката традиција на Радовиш“, истакнаа од БК Бучим Радовиш.

Успехот на домашните борачи, првото место во екипниот пласман и индивидуалните признанија се уште една потврда за квалитетот на радовишкиот клуб, кој продолжува да создава успешни натпреварувачи и да ја негува боречката традиција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!