Во Втората женска фудбалска лига продолжува трендот на високи и убедливи победи со многу погодоци, а по некогаш има резултати како на ракомет.
Ланскиот прволигаш Топ Гол на домашен терен со 12:1 ја доби Плачковица од Радовиш, каде Тамара Давчева постигна четири гола, Мила Коњановска имаше хет-трик, а по еден гол постигнаа Тиана Вучева, Михаела Талевска, Сара Стевановска и Дарија Стојчевска.
За тимот од Радовиш единствен стрелец беше Кристина Василева, а пак Верица Горгиева си постигна автогол, во меч од 5. коло на Втората женска фудбалска лига.
Ржаничино во дербито на колото славеше над Билјанини Извори со резултат од 4:0, а хет-трик постигна Теодора Јанковска, додека пак Сања Чубриновска беше стрелец на еден гол.
Башкими славеше во Охрид откако со 3:5 ја доби голеадата со Топ Грлс. За домашниот тим Мата Грозданоска беше стрелец на трите гола, а пак за гостинот од Куманово, Медина Емини беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Рона Рустеми, Елина Бајрами и Фјола Авдиљи.
Победа Валандово на домашен терен претрпе висок пораз од Менада со резултат од 3:9. За домашниот тим стрелци беа Елена Мишовска, Симона Танушева и Теодора Ристова.
За гостинската екипа од Тетово, Ева Андонова постигна три гола, Нина Алексовска беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Марија Колевска, Дајана Рисотвска и Елена Петровска, а пак Танушева си постигна автогол.
Ржаничино е прв со 15 бодови, по 12 бодови имаат Билјанини Извори и Топ Гол за делба на второто место, Башкими е четврти со девет бода, Менада е петти со шест бода, Победа Валандово е на шестото место со три бода, Топ Грлс е претпоследен со еден бод, на дното е Плачковица со минус два бода.