Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска носи три бода за Тиверија Брера, Љуботен слави во дербито со Саса

Сподели
Сподели

Тиверија Брера со три бода се враќа во Струмица, откако во Кравари со 0:2 славеше над Пелистер во мечот од 10. коло на Првата женска фудбалска лига.

Херој за тимот на Славе Велков беше Теона Галабовска која ги постигна двата гола. Најпрво бисерот на Тиверија Брера резултатот го отвори во 5. минута, а во 80. минута ја потврди победата.

Вардар со голот на Настасја Накова во 35. минута славеше минимална победа од 0:1 над Истатов. Со новите три бода „вардарки“ продолжуваа да се искачуваат на табелата.

Љуботен го доби дербито во Македонска Каменица откако славеше над Каменица Саса со 1:2, соочување на два поранешни шампиони.

Калина Попески погоди во 41. минута за водство на тетовскиот им од 0:1 на полувреме. Во вториот дел брзо падна гол, откако Елена Симјанова во 52. минута беше прецизна за 0:2.

„Рударките“ преку голот на капитенот Ана Димитровска во 66. минута намалија на 1:2, но до крајот немаа сили за нешто повеќе и го претрпеа вториот пораз во низа за вкупно четврти сезонски неуспех, а пак Љуботен останува на врвот.



Ас Јунајтед конечно ја прекина серијата порази откако на домашен терен со 3:0 славеше над Речица. Веса Села по три минути го отвори резултатот, а Марија Јулчовска во 19. минута постигна гол за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел од средбата во Струга, Сара Дика во 71. минута ги постави конечните 3:0.

Колото беше отворено изминатата средба, кога шампионот Скопје го „прегази“ Кочани, а извештајот од тој меч можете да го прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!