ФудбалФутсал

Дебакл на Кеги Моби откако загуби од Шкупи со ОСУМ гола, Железарец и Осогово ги поделија бодовите

Сподели
ФОТО: КМФ Шкупи | АРХИВА
Сподели

Тежок пораз доживеа вицешампионот Кеги Моби на гостување кај Шкупи од 2. коло на Првата футсал лига, откако велешани загубија со 8:1.

Абдил Кадир Јахја постигна хет-трик, двојни стрелци беа Еркан Сефери и Сами Аљиљи, а пак еден гол беше дело на Зекир Зејнели.

За гостинот од Велес единствен стрелец беше Адил Адиловиќ кој погоди во 28. минута.

Железарец и Осогово од Крива Паланка ремизираа (1:1) и ги поделија бодовите. Гостинот прво го отвори резултатот преку Никола Стојмировски во 15. минута од средбата, а пак Андреј Дончевски во 17. минута погоди за 1:1, а тоа се покажа и конечен резултат.

Колото се затвара со утрешните две средби каде Бутел ќе игра со Клими, а пак Јувентус Серава со Форца.



Колото се отвори во петокот со победата на шампионот Проект над СЕЕ Университи, извештајот на Спортска Мрежа од тој меч е достапен овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!