Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) Висок триумф за Билјанини Извори, Теодора Јанковска постигна шест гола за Ржаничино, реми во Радовиш

Сподели
Сподели

Билјанини Извори ја продолжува победничката форма откако на домашен терен со 8:2 славеше над Победа од Валандово во рамки на 4. коло на Втората женска фудбалска лига.

Викторија Стојаноска постигна хет-трик за Билјанини Извори, двојни стрелци бе Александар Алексиеска и Ивана Николоска, а еден гол беше дело на Стефанија Ристова.

За „калинкарките“ во првиот дел погоди Делфина Јованова, а во вториот дел гол постигна Ива Бајлозова во 85. минута.

Во Радовиш немаше победник на дуелот меѓу Плачковица и Топ Грлс од Охрид, двете екипи одигра 2:2. Гостинот по осум игра преку Благица Ристеска го отвори резултатот, а во 29. минута Тамара Кириленкова погоди за 1:1.

ФОТО: Плачковица – Топ Грлс

Во вториот дел Ристеска со втор гол обезбеди нова предност за гостинскиот тим од Охрид откако погоди за 1:2 во 72. минута, а во 83. минута радовишкиот тим преку гол на Розета Ташкова обезбеди конечни 2:2 и делба на бодовите.

Менада на домашен терен загуби од Топ Гол со резултат од 1:3, а ланскиот прволигаш од Битола преку пресврт стигна до овој триумф.

ФОТО: Плачковица – Топ Грлс

Ева Андова го отвори резултатот во 43. минута за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Тамара Давчева во 61. минута израмни на 1:1, а потоа Мила Коњановска со два гола во 80. и 83. минута ја потврди победата од 1:3.



Ржаничино забележа голема победа над Башкими во гости од 1:9.

Теодора Јанковска постигна шест гола, а по еден гол постигнаа Ангела Зафироска, Мила Ристовска и Мила Наумовска, а пак за домашниот тим единствен стрелец беше Фјола Авдиљи во 88. минута.

ФОТО: Плачковица – Топ Грлс

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта лига група А откако со убедливи 1:5 го доби Кадино. Игор...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и една гостинска победа со голем број на погодоци. Лозар на домашен...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!