Трета лигаФудбал

Реми на „рударите“ и „калинкарите“, Руни го реши мечот во Виница, Тоше Манов со хет-трик го „потопи“ Огражден

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Овче Поле го декласираше хитот во Трета лига регион 3, Огражден од Ново Село со 3:0 на домашен терен во меч од шестото коло.

Сите три голови за тимот од Свети Николе ги постигна Тоше Манов.

Со голот на Петар Илиев во 89. минута Хоризонт Турново славеше во Виница над ланскиот второлигаш Слога, а Руни го реши мечот за три бода за некогашниот вицешампион на Македонија.

Дербито во Берово му припадна на Малеш кој со 2:0 славеше над Брегалница од Делчево со головите на Матеј Левков во првиот дел и Тони Мичковски во вториот дел.

Ако го поддржувате независното известување и промоцијата на македонскиот спорт, можете да ја поддржите нашата работа со симболична донација. Секоја поддршка ни значи и ни помага да создаваме нови спортски приказни.

Во Македонска Каменица немаше победник откако Каменица Саса и Победа Валандово одиграа 1:1. По чистите мрежи во првиот дел во второто полувреме „калинкарите“ до го отворија резултатот со голот на Никола Костадинов во 56. минута, а четири минути подоцна Филип Николовски погоди за конечни 1:1.

Дојранско Езеро славеше во Пирава над Ударник со 1:2, за домаќинот погоди Адријан Трајков, за гостинот двоен стрелец беше Димитар Јанев, а победничкиот гол беше постигнат во 91. минута.

Во оваа коло слободна беше екипата на Карбинци.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!