Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп имаше убедливо издание на гостувањето кај Мулти Есенс, од каде си замина со триумф од 42-26 во рамките на седмото коло во Супер лигата.

Охриѓани брзо ја презедоа контролата врз резултатот и уште во првото полувреме најавија убедлив исход. Со осум гола предност на паузата (21-13), избраниците на Борис Ројевиќ имаа одлична основа за продолжението, во кое дополнително ја зголемија разликата и стигнаа до максимални плус 16.

Доминик Мате со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Кај домаќините, Ѓорѓиевски, Гурмешевиќ и Ѓокески постигнаа по четири гола.

За Охрид ова беше петти триумф сезонава, додека Мулти Есенс и натаму ја чека првата победа, со два освоени бода досега.

Во следното коло Мулти Есенс ќе се соочи со Струга, додека Охрид на домашен терен ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2, со цел да продолжи во победнички ритам.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Три бода за Цетинска, Дрита убедлива над Љуботен, три бода за Гостивар

Цетинска на домашен терен однесе сигурна победа од 3:1 над Лирија во меч од 7. коло на Трета лига регион 6. За победникот...

Трета лигаФудбал

Влазерими со три бода, Караорман и Кравари забележаа домашни победи

Влазерими од Кичево со триумф над Напредок од Ношпал со резултат од 2:3 во дуел од 6. коло на Трета лига регион 5....

Поврзани написи
Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!