Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рабија Дервиши донесе победа за шампионот Скопје, три бода за Тиверија Брера и Истатов, минималец на Вардар

Сподели
Сподели

Шампионот Скопје го доби дербито со Каменица Саса во Македонска Каменица, откако со минимални 0:1 славеше во мечот од 9. коло на Првата женска фудбалска лига.

Херој за тимот од Пржино беше Рабија Дервиши, која во 70. минута ја затресе мрежата на „рударките“ за три бодови.

Минимална победа славеше Вардар над „фенерџијата“ Кочани од минимални 1:0 пред домашната публика. Меланија Грозданова беше херој за „црвено-црните“ со гол во 26. минута.

Истатов стави крај на резултатската криза откако на домашен терен ја декласираше Речица со резултат од 4:0 со што трите бодови заминуваат на контото на тимот на Кирил Изов.

Ива Здравевска и Канита Емини беа двојни стрелци за високата победа на „истатовки“.

Лидерот Љуботен славеше висок триумф над Пелистер во гости од 0:3, во меч каде сите работи беа решени во последни 15-тина минути од играта.



Елена Симјанова во 10. минута го отвори резултатот и гостинот од Тетово имаше предност од 0:1. Во вториот дел домаќинот се обидуваше да израмни, но во 77. минута Уза Максути погоди за двојна предност, а пак во 92. минута Михаела Волческа стави печат на победа од 0:3.

Тиверија Брера се радуваше на голем триумф во Струга откако со 1:4 славеше над Ас Јунајтед. Гостинот од Струмица преку Билјана Панеска го отвори резултатот во 18. минута, но по шест минути домаќинот преку Јована Павловска израмни на 1:1.

Во вториот дел Розита Пецева го врати водството на Тиверија Брера од 1:2 во 47. минута, а печатот на победата Тиверија Брера го стави во финишот откако Билјана Панеска со втор гол во 80. минута зголеми на 1:3, а само две минути подоцна Ане Бошеска беше прецизна за конечни 1:4.

Во однос на табелата Љуботен останува на врвот со 23 бодови, само бод помалку има шампионот Скопје кој е втор, а пак Тиверија Брера е трета со 19 бодови.

Тимот на Пелистер сега е на четвртото место со 17 бодови, а пак Каменица Саса останува на петтата позиција со 16 бодови.



Следува бодовна дистанца со тоа што Вардар е шести со десет бодови, а пак Истатов е седми со девет бодови. Ас Јунајтед заврши дури на осмото место со осум бодови.

Во бараж зоната како претпоследна е Речица со четири бодови, во зоната за испаѓање во Втора лига како последнопласиран е Кочани со еден бод.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!